Вердер го искористи правилото што ги фаворизира гостите и остана во Бундеслигата (Видео)

Играчите на Вердер се радуваат на опстанок и повторно ќе играат во Бундеслигата откако вечерва повторно ремизираа со Хајденхајм на реванш-мечот од баражот за пласман во најсилната германска лига.

На „Војт арената“ во Хајденхајм дуелот заврши 2:2 и по ремито без голови во Бремен, поискусниот тим го визираше пасошот за нов настап во Бундеслигата. Во Германија, во вакви двомечи важи правилото за повеќе голови постигнати на гостински терен, што му донесе среќа на Вердер.

Реваншот почна со чуден автогол на Норман Тајеркауф, кој си ја затресе мрежата во третата минута.

Вердер издржа до 85-тата минута, кога Хајденхајм израмни, а потоа следуваше исклучително возбудлив финиш. Августинсон во 94-тата минута погоди за Вердер, а Клајденст со вториот гол на мечот повторно израмни, но недоволно за Хајденхајм.

- Оглас -

Најнови вести