Верен навивач на МЗТ ја побара девојката за жена (Видео)

Еден верен навивач на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром и познат член на групата „Фемили“, ја побара својата долгогодишна девојка за жена, и таа иако беше изненадена од гестот, го кажа судбоносното „да“.

Играчите на МЗТ беа тука како поддршка со држење на парола, а и целата група „Фемили“ со скандирање, му помогнаа на навивачот да го оствари испланираното сценарио.

Девојката која истотака е фан на „металците“, ја прифати понудата за брак. Останува да се игра второто полувреме, а ако победи МЗТ, идните младоженци по уште поубаво сеќавање ќе го имаат овој момент.

- Оглас -

Најнови вести