Верувале или не, Халанд држи еден атлетски светски рекорд!

Ерлинг Браут Халанд, фудбалерот на Борусија Дортмунд, сезонава се прославува со голови во Лигата на шампионите, стана прв тинејџер со двоцифрен број голови во една сезона во ЛШ, а неверојатен е податокот дека тој држи и еден светски рекорд во атлетика.

Халанд е светски рекордер во скок во далечина, во конкуренција на деца до 5 години. Халанд на 22 јануари 2006 година скокна 163 сантиметри и тоа уште е важечки светски рекорд за деца до пет години.

Дека има талент за атлетика, тој покажа и синоќа, кога 60 метри ги истрча за 30 стотинки побавно од светскиот рекорд, а само 9 стотинки послабо од норвешкиот рекорд во оваа дисциплина која се трча на натпревари во сала. Халанд тренирал и ракомет и скијање, освен добар атлетичар, бил и добар ракометар, но се определи за фудбалот, а сестраноста му помага да биде одличен на фудбалските терени.

- Оглас -

Најнови вести