Веруваше во победа на Интер и доби 110.000 денари

Победата на Интер во градското дерби против Милан, како и тоа што Бетис успеа да даде почесен гол против Барселона, се само две од вкупно 11 погодени типови на обложувач од Брвеница. Тикетот кој бил уплатен на 200 денари, донесе добивка од 109.746 денари.

Од сите 11 натпревари кои ги има на тикетот, победата на Интер е со најголем коефициент, 3.00, но „нераѕурите“ не го разочараа. Интер постојано имаше предност против Милан, а на крајот победи со 3-2. Од оние мечеви кои биле „критични“ е и Бетис – Барселона. Каталонците лесно стигнаа до 3-0, но потребно беше гол да даде и Бетис. Домаќините почесен погодок дадоа во 82-рата минута и тоа го израдува добитникот во Sport Life обложувалниците.

Од останатите мечеви кои се на тикетот речиси и да нема драматичен меч, односно победите на екипите на кои е типувано се со голови дадени пред да почне 80-тата минута, што значи дека немало многу голема драма.

Погодени се фиксовите на: Цирих – Ксамакс 2-1, Штурм – Австрија Виена 1-0, Лацио – Парма 4-1, Алборг – Ахрус 3-1, Митјиланд – Сондерјиске 2-1, Риека – Осиек 3-1, Осасуна – Рајо Маџадахонда 3-0, Вилјареал – Рајо Вајекано 3-1, Ајнтрахт – Нирнберг 1-0.

Добивката на овој тикет ќе беше многу помала доколку не постоеше бонусот. Благодарение на пресметаниот бонус, добивката е зголемена за 21.241 денари.

- Оглас -

Најнови вести