Весело им е на динамовци – од Халид Бешлиќ до „Гангнам стајл“ (Видео)

Фудбалерите на Динамо Загреб се наоѓаат на подготовки во Ровињ, а некои играчи првпат се во сениорскиот тим и на разни начини се обидуваат да се вклопат во екипата со поискусните. Еден од начините како новите млади играчи може да се докажат е и преку песна.

Голманот Фарис Кркалиќ кој е од БиХ и има 17 години, ја запеа „Миљацка“ од Босанецот Халид Бешлиќ, а 20-годишниот Кореец Ким Хјун Во, го пееше мегахитот „Гангнам стајл“ и играше како изведувачот Псај.

Ова им дојде како опуштање меѓу тренинзи и состанок за време на подготовките. Таму е присутен и капитенот Аријан Адеми, но македонскиот репрезентативец не тренира бидејќи има повреда.

Погледнете како Кркалиќ и Хјун Во ја кренаа атмосферата со своите вокални и танцувачки способности:

- Оглас -

Најнови вести