Вест хем гo oткупи голманот кој запиша само еден настап во Премиер лигата

Вест хем ја активира клаузулата од 11 милиони фунти и го откупи Алфонс Ареола од ПСЖ. Францускиот голман минатата сезона ја мина како позајмен играч, но сега потпишува петгодишен договор со Чеканите.

Ареола по 16 години го напушти Париз, а во ланското издание на Премиер лигата запиша само еден настап. Мојс го користеше како прва опција за дуелите во Лигата на Европа, па Ареола запиша вкупно 17 настапи, од кои 11 беа во меѓународното натпреварување.

Ареола ќе му конкурира на искусниот Фабијански меѓу диреците.

- Оглас -

Најнови вести