Вест хем го пушти рекордното засилување во Амстердам

Себастијан Халер, напаѓачот на Вест хем, по една и пол сезона ги напушта Чеканите и ќе се пресели во редовите на Ајакс.

Халер беше рекордно засилување на тимот од Лондон кога неговиот трансфер од Ајнтрахт во јули 2019 година достигна сума од 45 милиони фунти. Сепак, францускиот голгетер не ги оправда средствата, па затоа Вест хем го пушти во Холандија, а од сумата која ја потроши ќе врати барем половина.

Понудата од 25 милиони евра од Копјаниците е прифатена, Халер наскоро ќе допатува во Амстердам да ги изврши медицинските прегледи и да стави потпис на повеќегодишниот договор.

На 26-годишниот голгетер нема да му биде првпат да игра во Ередивизија, бидејќи од 2015 до 2017 година беше член на Утрехт. Инаку, Халер воопшто не се прослави во дресот на Вест хем и заминува со учинок од смао 14 погодоци во вкупно 53 настапи.

- Оглас -

Најнови вести