Вестбрук ја искрши таблата против Клиперси, промаши сè што шутна, а вели дека одиграл солиден натпревар (Видео)

Тимот на Лос Анџелес лејкерс лошо ја започна новата сезона во НБА-лигата, со два порази во првите два меча, но и со стари проблеми од минатата сезона.

Лејкерси ланската сезона не играа во плејофот, а како една од главните причини за неуспехот беше лошата хемија меѓу две големи ѕвезди, Леброн Џејмс и Расел Вестбрук, а проблемите не се решени ниту со новиот тренер Дарвин Хем.

Вестбрук иако има плата од 44 милиони долари, игра катастрофално на почетокот од сезоната и во поразот од градскиот ривал, Клиперс, постигна само два поени, а притоа ги промаши сите 11 шута од игра.

За таквата игра, Вестбрук смета дека прикажал солидна партија.
„Бев солиден. Играв жестоко и тоа е сè што може да се бара“, рече Вестбрук.

 

- Оглас -

Најнови вести