Вестбрук се договори со ЛА клиперс, НБА-фановите одвај го чекаат дербито на 5 април!

Она што подолго време се најавуваше, веќе е реалност и наскоро станува официјално, Расел Вестбрук ќе го откупи договорот со Јута џез, каде што беше испратен во трампа со Лос Анџелес лејкерс и ќе потпише за ЛА клиперс.

Во Клиперс, Вестбрук повторно ќе биде тимски колега со Пол Џорџ, со кого беа заедно и во Оклахома Сити тандер, а таму има уште една ѕвезда, Кавај Ленард.

Иако Езерџиите се многу попопуларен и пославен клуб, сепак сезонава Клиперс е поуспешен и речиси сигурно ќе игра во плејофот, нешто што не може да се каже за Лејкерс.

НБА-фановите на календарот веќе го заокружуваат со црвена боја датумот 5 април, кога се игра градското дерби во Лос Анџелес, и тоа ќе биде прв меч на Вестбрук против тимот од којшто беше избркан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести