Ви се допаѓа или не, Ноле е најдобриот на сите времиња

Српскиот тениер Душан Лајовиќ го помина првото коло на Австралија опен, откако во голема борба со 3:2 во сетови беше подобар од Мартин Фучович од Унгарија.

По победата, Лајовиќ на теренот застана со српско знаме на кое го имаше ликот на Новак Ѓоковиќ, а на него стоеше пораката „Ви се допаѓа или не, тој е најдобриот на сите времиња“.

Оваа порака посебно се однесуваше токму на Мартин Фучович, кој во изминативе неколку дена беше гласен критичар и јавно велеше дека Ѓоковиќ не смее да игра во Мелбурн.

 

- Оглас -

Најнови вести