Видад како гостин на свој терен ќе проба да ја прекине доминацијата на Ал-Ахли

5191 Ал-Ахли – Видад (21.00 часот)

Египетскиот и мароканскиот тим го играат финалето на африканската Лига на шампиони. Се игра еден меч во Казабланка, тоа може да биде предност за Видад, кој е од Казабланка, но официјално е гостин. Овие два тима последен пат се сретнале во октомври 2020 година, и двапати победувал Ал-Ахли со по два гола разлика. Видад нема пораз уште од февруари, а тимот од Каиро нема загубено од 9 април. Овие тимови немаат некои звучни имиња, но загарантирана е голема борба и жестоко навивање на трибините. Ал-Ахли е десеткратен првак, оди по третата по ред, а Видад игра трето финале во последните шест сезони.

Предлог тип: ГГ (2.11)

 

8141 Валенсија – Басконија (21.00 часот)

Ова е мајсторка од четвртфиналето на плејофот во шпанското кошаркарско првенство и победникот ќе оди во полуфинале против Реал Мадрид. Првиот меч во Валенсија го доби Басконија, а потоа тимот на нашиот Ненад Димитријевиќ славеше како гостин, и се избори за решавачки меч на свој терен. Валенсија ги загуби претходните два домашни дуели против Баскијците, но веруваме дека овојпат среќата ќе биде на нивна страна.

Предлог тип: 1 (1.58)

 

8337 Армани Милано – Сасари (20.30 часот)

Манекените водат со 1-0 во победи во ова полуфинале на плејофот во Италија, а ова е втор меч во серијата која се игра во три добиени. Евролигашот е фаворит и тешко дека ќе ја испушти приликата да поведе со 2-0. Првата средба заврши со 88-71. Сасари три години нема победено во Милано. Разликата во квалитет е голема во полза на Армани и тука нема дилеми кој ќе ја добие вечерашната битка.

Предлог тип: 1-1 (1.45)

 

2517 Бран – Мјондален (18.00 часот)

Десеттото коло во втората норвешка лига носи дуел на првопласираните две екипи на табелата и ова е дерби. Мјондален, кој доби седум меча во првите девет кола, првиот пораз сезонава го претрпе во минатото коло. Бран е втор со 20 бода од осум меча и уште не знае за пораз. Бран е тим со најефикасен напад, даде 23 гола на осум меча. Традицијата е на страна на гостите, Бран никогаш не победил дома против Мјондален.

Предлог тип: & 3+ (1.72)

 

7111 Марио Чилиќ – Данил Медведев (20.45 часот)

Иако на Хрватот и Русинот земјената подлога не им е омилена, стигнаа до осминафиналето и се борат за место во четвртфинале против Рубљов или Синер. Медведев, кој е второрангиран, игра малку подобро од Чилиќ и важи за фаворит. Медведев првите три кола ги доби без загубен сет, додека Чилиќ имаше една победа од 3-1, а другите две беа чисти. Медо во претходните две кола елиминираше Срби, сега на ред е Хрват. Никогаш претходно не играле меѓу себе на земја, а севкупниот биланс е 3-0 за Русинот.

Предлог тип: 1. сет >9.50 п. (1.72)

- Оглас -

Најнови вести