Видео: Прво славје за победа на Јуве, па „летаа“ боксови, црвени картони и ВАР реши дека Старата дама не победи!

Салернитана непоразена си замина од гостувањето во Торино против Јувентус во меч кој заврши 2:2. Гостите водеа со 2:0 на полувреме, Јувентус стигна до 2:2 и тоа со гол во 93 минута, а Старата дама постигна и трет гол, кој подоцна беше поништен поради офсајд на играч кој воопшто не играше со топка, но имаше намера за такво нешто во петерецот, што според правилата е недозволена позиција.

По поништување на голот се случи хаос во кој беа вклучени играчи на двата тима. Имаше удирање, туркање, а судијата на крајот реши да покаже четири црвени (Милик, Квадрадо, Алегри кај Јувентус и Фазио кај Салернитана).

 

- Оглас -

Најнови вести