Викендов може да биде клучен за иднината на Пол Погба

Иако во Шпанија преодниот рок трае до 2 септември, во Италија до 23 август, а во Англија до 8 август, претстојниов викенд може да се навести дали Пол Погба летово ќе се пресели во Реал Мадрид или Јувентус или сепак ќе остане во Манчестер јунајтед.

Најголем дел од фудбалерите кои се членови на „црвените ѓаволи“ од понеделникот тренираат, а менаџерот Оле Гунар Солскјер кажа дека Погба е отсутен со негова дозвола. Солскјер очекува Погба да се качи во авионот со кој екипата од Манчестер ќе замине за Перт, Австралија на подготовки и каде што ќе одигра пријателски мечеви.

Ако Погба не оди во Австралија, тоа речиси сигурно ќе значи дека тој е решен да си замине од клубот со којшто има договор до 2021 година. Доколку биде на подготовки во Австралија, драстично ќе се намалат шансите за негов трансфер, иако од Реал рекоа дека ќе го чекаат да потпише за нив ако треба и до 2 септември бидејќи тоа е главната желба на тренерот Зинедин Зидан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести