Виљареал со „петарда“ против Атлетико го потврди третото место во Ла Лига

Виљареал и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, а тоа го потврди со убедлива победа од 5-1 над Атлетико Мадрид. „Жолтата подморница“ финишираше како третопласирана во Ла Лига, веднаш позади гигантите Барселона и Реал Мадрид, а тоа за нив е најдобар пласман по историската 2008 година кога беа вицешампиони.

Домашните на „ла Керамика“ одиграа фантастично прво полувреме, после кое имаа убедливо водство од 4-1. Виљареал постигна три гола во период од 30-тата до 40-тата минута, па следуваше гол за „јорганџиите“, но и уште еден за „жолтата подморница“.

Второто полувреме беше далеку помирно со само еден гол во мрежата на гостите од Мадрид за конечни 5-1.

- Оглас -

Најнови вести