Вили Орбан е ЈУНАЧИШТЕ – Ќе пропушти меч на Лајпциг за да спаси живот

Унгарскиот репрезентативец Вили Орбан е вистински спортски херој кој им помага на обесправените преку својата хуманитарна програма „Да се екипираме за итна помош на Украина“ и е многу активен на тоа поле, а сега има нов предизвик.

Фудбалерот на Лајпциг утре ќе донира матични крвни клетки за да спаси живот на пациент што има рак.

Орбан е пријавен во регистарот како потенцијален донатор на крв и матични клетки во Германија од 2017 година и сега има можност да помогне.

Унгарецот кој е роден во Германија, но игра за унгарската репрезентација, веројатно ќе го пропушти многу важниот меч на Лајпциг против Унион Берлин во сабота.

Тоа треба да му биде 201 натпревар во дресот на популарните Бикови од Лајпциг кои се во игра за титулата во Бундеслигата.

Имаат 36 бода и викендов ќе му бидат домаќини на второпласираниот Унион Берлин, кој има 39 бода, еден помалку од лидерот Баерн Минхен.

Во трката за шампионската круна се и третопласираната Борусија Дортмунд со 37 бода, петтиот Ајнтрахт Франкфурт со 35 и Фрајбург, кој е шестопласиран со 34 бода.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести