Вилијан ја продолжи традицијата со соседската преселба (видео)

По Галас, Кол, Фабрегас, Оливие Жиру и Давид Луис од поновата историја, на ред дојде Вилијан да заигра за двата лондонски ривали Челзи, односно Арсенал. Бразилското крило од денес и официјално е Топчија, комплетирајќи ја преселбата на „Емирати“ како слободен играч.

По седум години, Вилијан нема да го носи синиот дрес, но желбата да остане во Премиер лигата му се оствари и во следните три години ќе игра за тимот на Микел Артета. За него е резервиран бројот 12.

- Оглас -

Најнови вести