Вимблдон и за 2023 година подготвува забрана од која голема штета би имал Ѓоковиќ

Организаторите на тенискиот грен-слем турнир Вимблдон, размислуваат и во следната 2023 година да не им дозволат настап на тенисер(к)ите од Русија и Белорусија, доколку инвазијата на Украина не заврши во следните месеци.

Одлуката ќе биде донесена во март следната година. Ако се повтори сценариото од оваа година, и Русите и Белорусија не играат, а АТП не дава поени, штета би имале многу играчи кои ќе направат добар резултат, бидејќи не би биле наградени со поени.

Така, Ѓоковиќ иако триумфираше во Лондон, загуби 2.000 поени и наместо заслужено да напредува, тој од четврто падна дури на седмо место на АТП листата. Финалистот Ник Кирјос ќе имаше голем наредок на ранг листата и ќе влезеше во топ 20, но вака без поените од годинава, остана 45-ти.

- Оглас -

Најнови вести