Вимблдонската сензација се вика Татјана Марија, има 34 години и две деца, дојде до полуфинале

Татјана Марија е прва полуфиналистка на Вимблдон во женска конкуренција. Оваа 34-годишна тенисерка го доби германскиот дуел против Нејмар со 2-1 во сетови и стана сензација на гренслемот во Лондон.

Марија е прилично непозната, таа е мајка на две деца, ветеранка е, има 34 години, се наоѓа на 103-тото место на ВТА-листата, но успеа да се пробие до полуфинале на неофицијалното Светско првенство во тенис на тревната подлога. Досега најголем успех на гренслемите ѝ беше второ коло.

- Оглас -

Најнови вести