Темата околу наводниот расистички напад кон Винисус полека оди во втор план, но Бразилецот повторно е тема во шпанските медиуми. Според нив, Винисиус од Флорентино Перес побарал да го ангажира фудбалерот на Ливерпул, Доминик Собослаи, но се понудил и да посредува во реализација на трансферот.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Бразилецот веќе стапил во контакт со унгарскиот репрезентативец и му ја пренел заинтересираноста на Реал Мадрид, но и неговата желба да играат во иста екипа.
Винисиус бил клучна алка во трансферите и на Килијан Мбапе и Џуд Белингам и лично ги убедувал и двајцата да дојдат во Реал Мадрид. Сепак, токму платата на Мбапе сега е камен на сопнување при потпишувањето на продолжувањето на договорот, кој му истекува следното лето.

