Винисиус кажа дали навистина плачел од среќа кога Барса го победи ПСЖ со 6-1

Винисиус од Реал Мадрид е можеби и најдобриот бразилски фудбалер во моментов, па во текот на сезонава почесто дава интервјуа и одговара на прашања кои ја интересираат јавноста.

Неодамна се појави шпекулација од скаут на Барса за Јужна Америка, кој кажа дека Винисиус бил навивач на Барселона и плачел од среќа кога Каталонците го поразија Пари Сен Жермен со 6-1 во незаборавниот реванш-меч во 2017 година и ги елиминираа Французите, кои победија со 4-0 на првиот дуел.

„Кога бев дете, ретко гледав фудбал на телевизија бидејќи цело време бев надвор и играв фудбал со другарите. Тој меч на Барселона и ПСЖ не го ни гледав. Тој ден играв за репрезентацијата на јуниорско јужноамериканско првенство, каде што бев прв стрелец и тој ден потпишав за Реал Мадрид. Секогаш сум го сакал Реал Мадрид, го сакам и Кристијано Роналдо, мислам дека направив добар избор иако и Барселона имаше понуда за мене“, вели Винисиус.

Вини смета дека Педри од ривалската Барселона заслужил да биде „Златно момче“ и најдобар млад играч бидејќи играше добро на сите фронтови, а негова лична цел е еден ден да стане освојувач на „Златната топка“ за најдобар фудбалер на светот.

- Оглас -

Најнови вести