Висла го „пензионираше“ столчето на кое повеќе од половина век доаѓаше најверната навивачка

Висла Краков направи необичен потег. Реши да го повлече од употреба столчето со бројот 52, на кое повеќе од половина век седеше Јулија Кмечик. Бабата која со својата лојалност кон клубот стана „икона“ за тоа што значи да се сака и поддржува својот клуб почина на 92 години.

Од Висла сепак не ја заборавија, а на нејзиното столче ставија шал и цвеќе да се знае дека тоа е место на кое веќе никој никогаш нема да може да купи карта и да седне. Голем број и навивачи оставаат сувенири и цвеќиња на местото на кое седеше една од најверните навивачки, не само во Полска, туку и во цела Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести