Висок е 1.85 метри, а забива како НБА играч (видео)

Бекот на континенталниот вицепрвак Анадолу Ефес, Догуш Балбај, направи спектакуларно забивање во победата на фаворитот против Бурсаспор со 86:95 на гости. Членот на Анадолу иако е висок само 185 сантиметри, има одличен одраз и тоа го покажа на најдобар можен начин.

Балбај го проследи промашениот шут од дистанца на Мициќ, буквално полета и во скок ја фати топката за забивање во НБА стил.

- Оглас -

Најнови вести