Влезе и го најави пресвртот – Маестро Пандев со премиерен гол за Парма

Горан Пандев го постигна првиот гол во дресот на Парма.

Македонската фудбалска легенда погоди во 48-та минута, откако влезе на стартот од вториот дел против Порденоне, со што го израмни резултат на 1:1.

Со тоа, Гоче го најави пресвртот на неговиот тим кој сега води со 3:1, откако погодија и Денис Ман и Франко Васкез во периодот од 65-та до 68-та минута.

Гоче излезе во 71-та минута, бидејќи си ја заврши својата работа на теренот и му донесе три скапоцени бода на својот тим.

- Оглас -

Најнови вести