Вложи и доби: Еден ќари над 800.000 денари, друг успеа да погоди четири меча 7+

Многу мечеви, многу тикети, а три се посебно за издвојување во нашата рубрика „Топ тикети“. Тројца играчи во спортските обложувалници на Sport Life имаат многу причини за радост откако направија ливчиња кои им донесоа многу пари.

Без многу филозофија, играјќи само на „фиксови“, во Гостивар е направен тикет кој на уплата од 500 денари, донесе 817.000 денари. Вкупно осум мечеви се на ливчето и се работи за дуели од познатите лиги во Европа. Шест „кеца“ и две „двојки“ била добитната комбинација на овој играч.

КОГА САКА, ЕДНОСТАВНО САКА ДА „ДАДЕ“, АНДЕРЛЕХТ ПОГОДИ ВО 92-рата МИНУТА

Ремс со 2-0 го победи Рен, а домаќините уште од третата минута го имаа потребното водство. Со ист резултат се радуваше и П’лзен против Славија Прага. Свонси на полувремето губеше од Брендфорд со 0-1, но на крајот се радуваше на убедлива победа од 4-1 во ФА купот на Англија.

Малага даде гол во 78-мата минута за минимална победа на гости кај Рајо Маџадахонда во Сегунда дивисион во Шпанија, а „двојка“ заврши и мечот Антверпен – Андерлехт (0-1). Токму овој меч ја носи најголемата драма за обложувачот бидејќи гостите голот за победа го постигнаа до 90+2 минута.

Без проблеми, со победи од по 3-0 на домаќините, за добитно ливче, завршија мечевите Вилјареал – Севилја, Спортинг – Брага и Мускрон – Серкл Бриж.  На ова ливче има и бонус вреден речиси 1.000 евра, односно точно 60.583 денари.

ДА СЕ ПОГОДИ ЧЕТИРИ МЕЧА 7+ Е НАВИСТИНА РЕТКОСТ

Кога се игра со 20 денари уплата на четири меча, тогаш едноставно е „да се проба среќата“. На минимална можна уплата со четири меча на кои се одиграни дека ќе има 7+ голови, добивката на еден среќен обложувач кој уплатил во Ресен е 307.230 денари. Вкупниот погоден коефициент на овој тикет е неверојатни 15.361,5.

Пријателските мечеви меѓу Мета – Куресаре (7-2) и Хамбургер II – Виборг (6-2), како и мечот од катарското првенство меѓу Ал-Сад и Ал-Кор (6-2) ќе ги погодел дури и да имало игра 8+. Последниот погоден пар на ова неверојатно ливче е дуелот од англиската полупрофесионална лига меѓу Дорчестер и Стејн Таун. Домаќините победија со 6-1, а потребните седум голови веќе ги имале постигнато до 81-вата минута од мечот.

БОНУСОТ ДОНЕСЕ ЕДНА ТРЕТИНА ОД ДОБИВКАТА

На тикетот на кој 11 од 12 одиграни мечеви се од играта 1Х&0-3, еден играч во Сити Мол во Скопје успеа да добие 106.078 денари. Интересно е што речиси една третина од оваа добивка е благодарение на Бонусот кој го нуди Sport Life.

Покрај фудбалските натпревари, обложувачот бил убеден дека Вардар во „Јане Сандански“ ќе загуби од Веспрем во ракометната Лига на шампиони и тоа му донесе добивка.

- Оглас -

Најнови вести