Внимавајте! Противникот на Арсенал нема ниеден пораз во 2021 година

Славија Прага вечерва ќе се обиде да направи големо изненадување во Лигата на Европа и да го елиминира англискиот премиерлигаш Арсенал. Чешкиот тим одигра храбро на гостувањето во Лондон и стигна до 1:1, што значи дека сега им е доволно да заврши и 0:0.

Според коефициентите, Арсенал е фаворит за поминување во следната фаза, но сепак треба да се знае дека Славија Прага е во неверојатно добра форма. Тимот од главниот играч на Чешка нема ниту еден пораз во 2021 година! Последен пат Славија загуби на 10 декември на гости од Баер Леверкузен (4:0), во меч кој немаше големо значење. Од тој дуел досега Славија одигра 23 меча, во кои има 17 победи и шест нерешени дуели.

Арсенал еднаш има гостувано во Прага кај овој ривал, и тоа во ноември 2007 година, кога средбата заврши 0:0. Сега овој резултат на Топчиите не им одговара. Лондонскиот тим мора да брка победа или да биде барем нерешено со два или повеќе постигнати погодоци. Ако е 1:1, ќе има и дополнителни 30 минути.

 

- Оглас -

Најнови вести