Во Англија нема фудбал до 1 јуни, а потоа…

Премиерот на Велига Британија Борис Џонсон објави дека до 1 јуни се забранети сите професионални спортови, но дека постепено ќе се размислува за намалување на мерките за безбедност поради корона-вирусот. Од Владата објавија документ на 50 страници на кои детално се опишува на кој начин ќе започне ублажувањето на мерките.

Според планот, ќе биде дозволено одржување на културни и спортски настани, но без присуство на публика и да мора да се избегне ризик од многу друштвени контакти. Во документот стои дека планот за да може да се игра фудбал со присуство на публика ќе помине подолг период, во зависност од намалувањето на бројот на инфицирани од коронавирусот.

Во Велика Британија досега од корона-вирусот умреа 31.855 луѓе и е втора земја во светот по смртност. Најоптимистичките најави се дека Премиер лигата ќе се врати на 12 јуни, за кога се најавува и враќањето на шпанската Примера дивисион.

- Оглас -

Најнови вести