Нападот на паника не бил поради гумени бонбони, туку од марихуана

Бекот на Мајами хит, Дион Вејтерс (27), имал напад на паника за време на летот додека тимот патувал од Феникс кон Лос Анџелес, и тоа не од страв од летање, туку бидејќи наводно се прејал од гумени бонбони.

По слетувањето, му била укажана лекарска помош, и не настапи на гостувањето на Мајами против ЛА Лејкерс, поради болест. Потоа тој се врати со екипата во Мајами.

Но, вистината е поинаква. Подоцна се утврди дека не бил проблемот кај гумените бонбони, туку кошаркарот јадел колачиња кои содржеле и одредена количина на ТХЦ. Марихуаната е легална на еден или друг начин во 33 сојузни држави во САД, но НБА лигата забранува нејзино користење.

- Оглас -

Најнови вести