Во Баку да играа Ливерпул и Манчестер јунајтед стадионот ќе беше полн

Покрај петте погодоци дадени во второто полувреме, финалето во Лигата на Европа кое се играше во Баку ќе биде запамтено по тоа што поголем дел од трибините на стадионот беа празни. Поголем дел од јавноста реагираше дека челниците на УЕФА згрешиле што решиле главниот град на Азербејџан да биде домаќин на едно вакво финале.

Од Лондон до Баку има повеќе од 5.000 километри и лоши авионски линии, па голем дел од фановите на Арсенал и Челзи решија да не патуваат. Затоа и најголем дел од празните места беа на деловите кои беа резервирани за фановите на финалистите.

Сепак, не сите велат дека изборот за местото каде да се игра мечот е главен фактор што немало публика. Некогашниот играч на Ливерпул, Дени Марфи, вели дека вината е кај фановите на Арсенал и Челзи.

„Да требаше во финалето да играат Ливерпул и Манчестер јунајтед, стадионот ќе беше полн. Без разлика каде и да игра клубот, навивачите на Ливерпул ќе одат и ќе го бодрат. Тоа не е мое мислење, тоа е факт“, рече Марфи.

 

- Оглас -

Најнови вести