Во Барселона пристигнува тинејџер од Ајакс

Ајакс со 2:1 го победи Витесе, а по мечот, стана јасно дека гигантот од Амстердам ќе остане без еден важен играч. Дефанзиевецот Сержињо Дест им потврдил на соиграчите дека тоа за него е последен меч во дресот на Ајакс и дека се сели во Барселона.

Младиот 19-годишен Дест игра на бековската позиција и треба да биде играч кој во следните години ќе биде стол во одбраната. Најавите се дека Ајакс ќе добие околу 23 милиони евра оштета плус некои бонуси, а дека играчот ќе потпише договор до 2025 година.

Дест пред две години стигна до Ајакс и прво беше дел од младинската екипа, а минатата сезона дебитираше за сениорскиот состав. Освен во дресот на гигантот од Амстердам, Дест има и три настапи за репрезентацијата на САД.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести