Во Бергамо ќе „врне“ од голови, нема дилеми кој ќе победи во мадридскиот дуел

Аталанта – Наполи (19:30 ч.)

Ако се гледаат последните девет меча кои ги одигра, Аталанта е во феноменална форма и има девет победи. На сите тие девет меча Аталанта и дава и прима барем по еден гол и вкупно имало 51 погодок, односно просек над пет гола на меч. Наполи е тим кој исто така е во одлична форма и во последните девет средби има седум радости и само две нерешени, што само е потврда дека ова ќе биде вистинско дерби.

Дури и да се гледаат меѓусебните средби, на пет од последните шест меча било гол-гол 3+, па јасно е дека погодоците треба да доминираат и вечерва на стадионот во Бергамо.

Предлог тип: 4+ (2.40)

 

Реал Мадрид – Хетафе (22 ч.)

Дуел на мадридски ривали. Интересно е што Хетафе во последните неколку сезони „порасна“ и сезонава е тим кој дури се вмеша за влез во Лигата на шампионите. Сепак, кога се работи за гостување кај Кралскиот клуб, дилеми не смее да има. Реал ќе победи за да стигне до четири бода пред Барселона во трката за титулата.

Реал сезонава дома има 12 победи и четири нерешени без пораз, а кога се однесува за дуелите против Хетафе, Кралевите победиле на последните 10 меча кога биле домаќини. Реал ќе игра без еден од клучните играчи, а за кого се работи, може да прочитате ТУКА. Сепак, јасно е дека сè освен три бода за домаќините ќе биде неверојатно изненадување.

Предлог тип: 1& 2-4 (1.98)

 

Шефилд јунајтед – Тотенхем (19 ч.)

Шефилд беше најпријатното изненадување во Премиер лигата сè до стопирањето на шампионатот поради корона-вирусот. Тимот кој се бореше дури и за излез во Европа, во трите кола кои се одиграа во јуни освои само еден бод. Сега Шефилд е далеку од Европа, но и сигурен на средината на табелата.

Тоа важи и за Тотенхем, иако кога се работи за екипа предводена од Жозе Мурињо, филозофијата е дека секогаш мора да се бори за пласман во Европа. Шефилд е слаб домаќин, а Тотенхем не игра убедливо дома.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.02)

 

Хал – Мидлсборо (18 ч.)

Некогаш беа премиерлигаши, а сега ќе играат меч за спас од испаѓање и од Шампионат лигата. Хал има 42 бода и е во зоната за испаѓање, а Мидлсборо има само еден бод повеќе. Хал е убедливо најслабиот домаќин во Шампионат лигата и освои само 21 бод во 20 меча.

Загрижувачки е фактот дека Хал во 2020 година, последната победа ја има на 4 јануари, а оттогаш досега нареди 14 средби без триумф (11 порази и три ремија). Мидлсборо треба да ја искористи оваа очајна низа на домаќините и никако не треба да загуби.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.71)

 

Хуеска – Лас Палмас (19:30 ч.)

Домаќините имаат голем влог за овој меч. Со победа ќе бидат многу блиску до позиција која води директно во Примера за следната сезона. Лас Палмас нема многу мотиви за игра, а фактот дека Хуеска го има и најдобриот биланс на свој терен (12 победи во 18 меча), насочува дека домаќините ќе се радуваат.

Предлог тип: 1 (2.15)

 

- Оглас -

Најнови вести