Во Битола има мајстор за добивка којшто не се предава додека судијата не свири крај

Наш редовен обложувач од Битола по продолжениот викенд си го задржа празничното расположение, бидејќи си ќари околу 122.000 денари со уплата од само 50 денари во Sport Life обложувалници. Мајсторот го посака среќата да ги погоди сите седум типови, од кои само еден му беше различно прогнозиран, на сите останати ја користел тактиката „кец“, односно „двојка“ во комбинација со 0-3 гола.

Вчерашната драма во Шкотската прва лига меѓу Килмарнок и Глазгов ренџерс заврши во корист на тимот кој го води Стивен Џерард, а до трите бода Ренџерите дојдоа преку погодокот на Голдсон во првата минута од судиското надополнување. Тој гол го предизвика вчерашното лудило на стадионот во Килмарнок во изведба на навивачите на Ренџерс, а сигурно и нашиот типувач имал голем прилив на емоции во тие моменти бидејќи тоа му беше последниот меч кој го чекаше за добитниот тикет.

Типувачот бил двојно сигурен дека Абердин ќе го совлада Хартс и ќе води во двете полувремиња, а ќе се паднат три или повеќе погодоци. Домаќините имаа 1-0 по првите 45 минути, но фудбалерите на Хартс приредија изненадување и го свртеа резултатот во своја корист на околу петнаесетима минути до крајот на мечот. Сепак, фактот дека надешта последна умира го докажа Абердин со брзите погодоци до 85-тата минута со кои одново се најдоа во предност за конечни 3-2, и радост кај Битолчанецот.

ШКОЛСКИ ОДИГРАН ТИКЕТ – ЕДНА КОМБИНАЦИЈА, ИЛЈАДНИЦИ ПРИЧИНИ ЗА РАДОСТ

Редовен обложувач од Петровец денес е побогат за 141.957 денари откако со денови го чекал направениот тикет за да ја освои добивката. Со вложени 300 денари, типувачот не одвоил многу време за размислување и ги наредил тимовите во кои верувал дека ќе победат, а натпреварите се комбинација од квалификациските натпревари за ЛШ од минатата недела, а има и неколку мечеви од белгиската лига, како и Суперкуповите во Португалија и Франција кои се играа викендов.

Среќниот типувач наредил 10 парови, и сите ги типувал чист „кец“. За да дознае дали тикетот му е добитен чекал до вчера навечер, а Бенфика го израдува совладувајќи го Спортинг Лисабон со убедливи 5-0 во Суперкупот на Португалија.

Непријатност му создаде средбата меѓу ПСЖ и Рен во рамки од францускиот Суперкуп, по кој Светците со мачење стигнаа до трофејот. Рен имаше минимално водство во првиот дел, но Мбапе и Ди Марија беа режисери на пресвртот со кој нашиот типувач остана во игра за сочната добивка.

 

 

- Оглас -

Најнови вести