Во јануари голманот го раскинува договорот со Ливерпул и сите се радосни поради тоа

Лорис Кариус е голманот кој ќе биде запамтен како трагичар во финалето од Лигата на шампиони во 2018 година. Кариус беше на голот на Ливерпул и направи две катастрофални грешки, па едноставно му го подари трофејот на Реал Мадрид.

Од тој меч, германскиот голман повеќе не застана на голот на Ливерпул и беше даден на позајмица во Бешикташ. И во турскиот тим Кариус направи неколку големи грешки, но сепак ја задржа довербата, па веќе една и пол сезона е дел од гигантот од Истанбул.

Според турскиот спортски весник „Фанатик“, челниците на Бешикташ се одлучиле во јануари да го откупат договорот на Кариус од Ливерпул. Турскиот тим веќе му има дадено 2,5 милиони евра на Ливерпул за голманот да биде на позајмица, а за откупување на договорот ќе треба да доплатат уште околу 10 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести