Во Јуве развиваат теорија на заговор дека судиите ја режираат Серија А

Јувентус вчера го совлада Калјари, но навивачите и некои од играчите не можат да се помират со некои судиски одлуки, не само на овој меч туку и претходно на дербито со Интер.

Адриен Рабио изјави дека Интер играл со човек повеќе, алудирајќи на судијата кој дозволи повторување на пеналот на Лаутаро и не се консултираше со ВАР при фаулот над Закарија, а вчера на Французинот му беше поништен гол откако по шутот на Пелегрини, топката го удри во лакотот, кој му беше залепен за телото, смени правец и влезе во гол.

Јуве е четврти и минимални му се шансите за титула, а ситуацијата ќе беше поинаква ако го победеа Интер, затоа и Бјанконерите уште им се лутат на судиите. Во италијанските медиуми потсетуваат дека Јувентус губеше премногу бодови во првата половина од сезоната и дека не треба вината да ја бараат кај судиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести