Во Јужна Кореја се случи можеби најлудиот кам-бек во фудбалот

На дуелот меѓу Гангвон и Поханг стилерс од јужнокорејската Прва лига денес се случи еден од најлудите пресврти во историјата на фудбалот. Гостите имаа предност од 2-0 по првите 45 минути, а потоа постигнаа уште два гола до 57-та минута и се чинеше дека трите бода ќе им припаднат токму ним.

Но, фудбалерите на Гангон и покрај големата разлика не се предадоа. Пресвртот започна во 71-та минута преку Чо, Сиелис во 79-тата намали на 4-2, за голеадата да продолжи во судиското надополнивање. Во период од две минути, Чо даде уште два гола и го комплетираше хет-трикот, а по голот за израмнување беа потребни нешто повеќе од 60 секунди за Јунг да го оствари историскиот пресврт за конечни 5-4.

- Оглас -

Најнови вести