Во Казабланка падна африканскиот Реал Мадрид – Видад со фантастични голови ја освои Лигата на шампионите (Видео)

Видад Казабланка по третпат е африкански првак, а во финалето вечерва го победија најтрофејниот тим на континентот, Ал Ахли од Каиро со 2:0.

Двата гола на Зухеир Ел Мутараџи беа феноменални, првиот со топовски удар од над 25 метри, а вториот по одличната акција на мароканскиот тим.

Голот што е вистинско ремек-дело на Ел Мутараџи, прв во финалето во Казабланка можете да го погледнете ОВДЕ.

Видад ја искористи предноста да игра на свој терен во Казабланка и пред своите навивачи и ја освои третата шампионска круна во Лигата на шампионите на Африка.

Ал Ахли не успеа да направи хет-трик, откако претходните две сезони го освојуваше пехарот, но останува убедливо најтрофејниот клуб во Африка со 10 титули.

 

- Оглас -

Најнови вести