Во Лисабон се збунети – Играч на Спортинг е позитивен на еден тест и негативен на друг

Играч на Спортинг Лисабон бил позитивен на тестот за Имоглобулин Г, со негативен наод на Имоглобулин М, што дава индиција дека веројатно создал имунитет на Ковид-19.

Серолошките тестови за Ковид-19 на кои беа подложени сите фудбалери на Спортинг се негативни, освен кај едниот играч што е можно и да ја прележал заразата од Коронавирус.

Името на фудбалерот не е наведено во клубот, чиј член е и нашиот репрезентативец Стефан Ристовски. Спортинг по долга пауза им дозволи на фудбалерите да тренираат во клупската база во Алкочете и се подготвуваат за продолжение на сезоната.

Ристовски е играч на популарните Лавови од Лисабон од 2017 година, а челниците на клубот неодамна најавија дека ќе му поудат продолжување на договорот до 2022 година со повисока плата од досегашните 18 илјади евра неделно.

- Оглас -

Најнови вести