Во Лос Анџелес ќе се игра и фудбал и бејзбол, се чека хет-трик на Руни

Колорадо рапидс – Њу Ингланд револушн (03.00 часот)

Колорадо очајно ја стартуваше сезоната, но почнаа да му се поклопуваат коцките и има пет победи и две нерешени на последните седум меча. И Револуционерите имаат сличен пат. Победата им треба на двата тима за да се вмешаат за плејоф. Овие тимови уште од 2011 не одиграле нерешено во меѓусебен лигашки меч.

Предлог тип: Х (3.65)

 

ФК Далас – ДЦ јунајтед (03.00 часот)

Гостите од Вашингтон со победа би дошле на бод од првото место на Истокот, а на Далас бодовите му требаат за да остане седми на Западот и да остане во плејоф-позиција. Англичанецот Вејн Руни даваше голови на претходните два меча и тој е опасноста за одбраната на Далас, но неговиот тим не славел на гости од 25 април.

Предлог тип: ГГ (1.77)

 

Лос Анџелес галакси – Торонто (04.30 часот)

Со оглед на тоа дека Торонто игра без шестмина поединци кои се на Голд купот, резултатите и не му се толку лоши на последните три меча и уште е во позиција која води во плејофот. И Галакси го има истиот проблем, двајца Мексиканци не им се на располагање, но Лос Анџелес е втор на Западот. Последните два меѓусебни дуели ги доби канадскиот тим со 4-0 и 5-3 и сега е шанса за Галакси да се реваншира.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.25)

 

Атланта брејвс – Филаделфија филис (01.20 часот)

Ова е дерби на националната лига во бејзбол, МЛБ-лигата, бидејќи Атланта е втора, а Филаделфија четвртопласирана на табелата. Ова ќе биде нивен трет меѓусебен меч во последните три дена. Најпрвин славеа гостите со 2-0, а синоќа беше 9-2 за Брејвс. Тимовите се во променлива форма, а и традицијата не помага многу при прогнозирањето.

Предлог тип: <10.50 (1.80)

 

Лос Анџелес доџерс – Сан Диего падрес (03.10 часот)

Доџерс е лидер на националната лига во МЛБ со 59 победи и 29 порази и има најдобар скор од кој било друг тим во бејзбол-лигата, а покрај тоа, тимот од Лос Анџелес има и серија од три победи по ред. Гостите од Сан Диего се 11-ти и имаат четири порази едноподруго. Сето ова навестува победа на домашните, кои во Лос Анџелес имаат осум победи и два порази на последните десет меча на свој терен против Падрес.

Предлог тип: 1 пол. (2.30)

- Оглас -

Најнови вести