Во Мадрид се крие човекот кој може да му донесе европска круна на ПСЖ

Таборот на ПСЖ не верува дека Томас Тухел може да ги оствари целите на клубот, а тоа е конечно да се стигне до титулата во Лигата на шампионите по енормните вложувања во изминативе години. Минатата сезона Германецот преживеа и остана на клупата на Светците, иако клубот претрпе несреќна елиминација од Манчестер јунајтед и при останаа без трофеите во француските купови, па титулата во Лига 1 остана како утеха.

Оваа сезона ПСЖ одлично се снаоѓа на меѓународната сцена, барем во овој дел, но нокаут фаза останува енигма која досега не ја решија ниту Анчелоти, ниту Емери, па ни сега Тухел. Затоа, по крајот на оваа сезона францускиот првак ќе започне мисија „Диего Симеоне“.

Светците ќе се обидат да го ангажираат аргентинскиот тренер кој го предводи Атлетико Мадрид, човекот кој ги одведе Јорганџиите до две финалиња во ЛШ и тоа со многу помал буџет на клубот, како и понеквалитетни играчи од кои успеа да го извади максимумот. Иако Симеоне потпиша нова соработка со шпанскиот вицепрвак пред почетокот на оваа сезона и важи до 2022 година, ПСЖ има план како да го убеди да се пресели во Париз.

Наводно, со тоа што ќе го продадат Нејмар, односно во случај да го пуштат назад во Барселона, ќе се обидат за возврат да го добијат Антоан Гриезман. Симеоне има голема заслуга за тоа што Французинот стана врвен фудбалер, па нивна нова евентуална соработка би можела да биде клуч за доаѓањето на „Ел Чоло“.

- Оглас -

Најнови вести