Во НБА-лигата за вечерва ви се смешкаат пет „сигурици“

Богатата вечерашна послеполноќна програма во кошаркарската НБА-лига може да биде идеална за оние обложувачи кои не преземаат премногу ризик, туку зихерашки одат на „сигурно“. Според квотите во Sport Life и според американските аналитичари, има пет меча на кои „од авион се гледаат“ фаворити.

Квотите најавуваат дека Атланта би требало да го победи Детроит, Бруклин е фаворит против Вашингтон, во соседското дерби на двата тима од Флорида, победата би требало да ја извојува Мајами, пораз на Денвер од Кливленд би бил рамен на сензација, а единица треба да биде и дуелот Минесота – Њу Орлеанс.

За мечевите во Бруклин и Мајами, Американците се малку повоздржани. Затоа, пак, шансите на Милвоки да ја победи Индијана, американските анализи ја проценуваат на големи 77 проценти, а според нив, 73 отсто е веројатна и победа на Чикаго во Торонто.

Само кај ЛА клиперс – Портланд и Шарлот – Бостон преземате поголем ризик, барем на хартија, со играњето на конечен тип. Се разбира, може да се игра и на поени на над 50 поединци, лепезата на игри за НБА-мечевите во Sport Life е пребогата, сигурно ќе најдете квоти кои ќе ви одговараат.

- Оглас -

Најнови вести