Во НБА се случи нешто што не беше видено 70 години

Екипите на Бруклин нетс и Њујорк никс одиграа еден од најлошите мечеви во НБА-лигата. Домаќините беа големи фаворити за победа, но загубија со 94:82, најмногу поради очајниот шут. Мрежичките испишаа неславна историја откако погодија само осум шута за два поени (утнаа дури 20). Откако во 1979 година е воведен шутот за тројка, никој никогаш немал толку малку погодени „двојки“. Вакво нешто се нема случено ниту од 1954 година, кога е воведено ограничување на времето за напад на 24 секунди.

Последен пат кога еден тим погодил помалку шутеви за два поени е во 1950 година, и тоа на мечот ЛА лејкерс – Детроит пистонс. На таа средба двата тима погодија само по четири удари за два поени, а мечот заврши со победа на Пистонс од 19:18.

Сега, по 70 години, играчите на Бруклин испишаа неславен рекорд. Интересно е што Бруклин упати само 28 удари за два поени, додека за тројка шутираа дури 50 пати, а погодија само 13 обиди. Со ваква очајна прецизност на Бруклин, Њујорк успеа да направи изненадување и стигна до осмата победа во 32 натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести