Во НБА-стил: Шампионски прстени за „триколорите“ (фото)

Пол Погба и Антоан Гриезман ги изненадија соиграчите од репрезентацијата на Франција со уникатни подароци. На собирот на „триколорите“ во пресрет на стартот од квалификациите за ЕП 2020, Французите добија шампионски прстени направени во стилот на НБА за освоената светска титула од Мундијалот кој се одигра во Русија.

Гриезман уште по завршувањето на СП имаше план да нарача изработка на овие прстени, а Погба помогнал во иницијативата и двајцата ги поделиле финансиите.

Фирмата која ги изработи прстените е истата која ги произведе шампионските прстени на Голден стејт вориорс во НБА и ЛА доџерс во МЛБ-лигата.

https://www.instagram.com/p/BvNHZtpgRKm/?utm_source=ig_embed

- Оглас -

Најнови вести