Во Никарагва играат Реал Мадриз и Јувентус, но дали таму овие екипи се фаворити за титула?

Во отсуство на фудбалски возбудувања во Европа, едни од ретките кои имаат можност да си најдат омилени екипи во моментов се навивачите на Реал Мадрид и Јувентус. Фановите на најтрофејните клубови во Шпанија и Италија може да се фокусираат на мечевите од првенството во Никарагва, едно од ретките каде што засега нема прекин на фудбалските возбудувања. Во оваа земја, во елитното фудбалско натпреварување се натпреваруваат екипите на Реал Мадриз и Јувентус Манагуа.

Повеќе од јасно е дека имињата на овие два клуба се по двата светски гиганти. Не можејќи да го ископира целосното име Реал Мадрид, тимот од Никарагва ја променил само последната буква, па место Мадрид, се вика МадриЗ. Тимот на Јувентус на своето име го има додадено и градот од кој доаѓа, а тоа е Манагуа.

Реал е формиран во 1996 година и игра на стадион кој има капацитет само од 3.000 гледачи и досега никогаш не бил првак.

Јуевтнус е со поголема историја и е поуспешен. Овој клуб е формиран во 1977 година, а златните моменти ги имаше во 1993 и 1994 година, кога освои две титули во првенството. Потоа клубот го зафати криза, испадна од елитата и чекаше до 2011 година да се врати меѓу најдобрите.

И Реал и Јувентус пред два дена имаа успешен настап во домашното првенство. Мадриз минимално со 1:0 ја победи Јалапа, додека Јувентус убедливо со 4:1 славеше против Ферети. По 11 одиграни кола, двата тима сепак се далеку од борба за титулата.

Јувентус има 13 бодови и е на шестото место, додека Реал Мадриз има освоено 10 бодови, што е доволно да е на осмата позиција од 10 клубови.

- Оглас -

Најнови вести