Во полуфиналето со Лајпциг, на ПСЖ ќе му суди „непријателот“ на Нејмар (Видео)

Да можеше да избира да каже кој судија не сака да му суди, Нејмар сигурно ќе одговори Бјорн Којперс, но токму овој искусен холандски судија ќе дели правда на полуфиналето од Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ на Нејмар и Лајпциг.

За Нејмар ова е многу лоша вест, но во вторник вечер подобро би му било да ги заборави конфликтите од минатото. Којперс не го толерираше Нејмар на СП во Русија пред две години, кога му рече да замолкне, а неколку месеци подоцна, по еден меч на парижаните со Наполи, Нејмар побара Којперс да биде казнет бидејќи покажал непочитување.

„Судијата ми кажа нешто што не смееше, покажа непочитување. Некој на повисока положба треба да стори нешто. Од нас се бара да ги почитуваме судиите, а и тие треба така да се однесуваат кон нас“, побара тогаш Нејмар по мечот на кој доби жолт картон за приговор, а во еден момент Мбапе го спречи Нејмар да не претера во разговорот со судијата.

Вербалната војна на Бразилецот со Холанѓанецот почна на Мундијалот 2018 година, кога имаа жестока полемика за време на мечот со Костарика. Тогаш врз Нејмар беше направен пенал, но откако гледаше снимка, Којперс се премисли, па Бразилецот негодуваше, а судијата му порача помалку да зборува. Погледнете:

За екипата на ПСЖ има уште една непријатна вест пред дуелот со Германците, а тоа е дека првиот голман Кејлор Навас поради повреда дефинитивно ќе го пропушти полуфиналето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести