Во последните 15 меѓусебни дуели нема ниеден пораз од овој ривал, па нема да загуби ни сега

1921 Луцерн – Грасхоперс (19 ч.)

Малку е чудно за дуели од швајцарското првенство да нема погодоци, меѓутоа на шест од последните седум двобои на овие два тима, резултатот на крајот покажувал дека нема повеќе од два погодоци на средба.

Делува неверојатно, но Грасхоперс нема победа над Луцерн во последните 15 меѓусебни дуели (осум порази и седум нерешени), па овојпат ќе ја следите традицијата.

Предлог тип: 1Х&2-5 (1.61)

 

1134 Шефилд вензди – Сандерленд (20:45 ч.)

Еден од поинтересните мечеви во Лига купот. Само пред три месеци овие два тима одиграа два драматични меча во полуфиналето од плејофот за влез во Чемпионшип, а Сандерленд на крајот се радуваше, па тимот успеа дури и да се пласира во еден ранг погоре.

Сега Шефилд вензди сигурно ќе сака да се реваншира за неуспехот во плејофот, но сепак најсигурно е да се игра погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.94)

 

1129 Блекбурн – Хартлпул (20:45 ч.)

Блекбурн одлично ја започна сезоната во Чемпионшип и со две победи во кои не прими гол е лидер. Хартлпул е дел од Лига два (четврта лига во Англија) и по првите две кола нема дадено гол.

Јасно е дека Блекбурн е голем фаворит за победа, а интересно е дека овие два тима играа и еден контролен дуел само пред 20 дена и фаворитот славеше со 1:0.

Предлог тип: 1-1 (1.96)

 

5251 Ал-Ахли – Ал-Масри (21 ч.)

Ал-Ахли е единствениот тим кој сезонава на домашен терен нема ниту еден пораз (10 победи и три нерешени). Иако секогаш атакува на трофеи, Ал-Ахли сега е во ситуација во која тешко дека ќе може да стигне до титулата во првенството на Египет.

Ал-Масри е тим кој игра цврсто, со малку погодоци, па затоа и често резултатот знае да биде и нерешен. Сепак, кога се работи за меѓусебните дуели, Ал-Ахли е доминантен и во последните 10 средби на овие два тима, фаворитот има осум победи, едно реми, а Ал-Масри само еднаш се радувал.

Предлог тип: 1&3+ (2.60)

 

3191 Сараево – Тузла (20 ч.)

Заостанат дуел од првенството на БиХ. Сараево одлично започна и има перфектни три победи во три меча, плус игра на домашен терен, па секако ја има улогата на фаворит. Сепак, Тузла има две победи и две нерешени во последните четири меѓусебни средби, што доволно покажува дека се работи за опасен ривал.

Тузла игра дефанзивен фудбал со малку голови, па не случајно е и фактот дека на шест од последните осум меѓусебни дуели немало повеќе од два погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.02)

- Оглас -

Најнови вести