Во последните 16 меча не одиграле нерешено, па нема ни сега

1007 Манчестер сити – Лестер (17:30 ч.)

Без Серхио Агуеро, Бернардо Силва, Габриел Жезус и Зинченко кои се повредени, домаќините ќе имаат тешка мисија да слават против квалитетниот Лестер. Тимот предводен од Џејми Варди на теренот силовито ја започна сезоната и има две убедливи победи со многу погодоци.

Сити има нестабилна одбрана која прима погодоци во последните четири дуели, па иако Граѓаните се фаворити, не треба да се потцени фактот офанзивната игра на гостите.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.86)

 

1601 Тотенхем – Њукасл (15 ч.)

Ова треба да биде еден од полесните мечеви за типување. По поразот од Евертон во првото коло, тимот на Жозе Мурињо нареди три победи. Одбраната сепак останува проблем за Тотенхем затоа што никако не може да одигра дуел без да прими погодок.

Традицијата е интересна и вели дека кога овие два тима играле, немало нерешено на последните 16 натпревари. Последен пат без победник бил мечот одигран во октомври 2011 година кога завршил 2:2. Без голови последен пат имаат одиграно во 1999 година, што значи дека и погодоците треба да се гаранција.

Предлог тип: 1 (1.62)

 

3010 Рома – Јувентус (20:45 ч.)

Рома има прекрасен спомен од последниот меч со италијанскиот првак, кога Римската волчица со 3:1 победи во Торино. Сепак, тоа беше небитен меч од последното коло на претходната сезона, кога Јувентус веќе ја имаше прославено титулата.

Јувентус во Рим доаѓа по победа, затоа што Старата дама нема да сака уште на стартот да им дозволи на противниците да се надеваат дека може да биде прекината шампионската доминација.

Предлог тип: Х2&2-5 (1.71)

 

1307 Атлетико Мадрид – Гранада (16 ч.)

Луис Суарес го чека дебито во дресот на Атлетико. Уругваецот сигурно ќе биде мотивиран да покажа колку вреди и дека Барселона загуби квалитетен напаѓач. Јорганџиите и сезонава ќе бидат рамо до рамо со Реал и Барселона, а Гранада е противник како по мерка да се освојат трите бода.

Не треба да се заборави дека Гранада има две победи и моментно е лидер во Примера, но тешко е за верување дека може да освои бодови на „Ванда Метрополитано“.

Предлог тип: 1 (1.55)

 

1808 Хофенхајм – Баерн Минхен (15:30 ч.)

На последните шест меѓусебни средби имало дури 31 погодок, односно во просек повеќе од пет по меч. Хофенхајм е еден од двата тима кои може да се пофалат дека лани го победија Баерн во Минхен. Ова ќе биде доволен аларм за Баерн да не ги повтори истите киксови.

Предлог тип: 2&5+ (2.50)

 

- Оглас -

Најнови вести