Во Премиер лигата доаѓа напаѓач кој пред две години играше на улица

Абдалах Сима, 19-годишниот напаѓач на Славија Прага, се наоѓа пред голем трансфер откако за неговите услуги се распрашуваат повеќе англиски премиерлигаши.

Кристал палас, Вест хем и Лидс застанаа во редот за преговори за откритието на Славија, кое пред само две години играло фудбал на улица.

Сима во почетокот од 2020 година бил забележан од францускиот аматерски клуб Тонон, каде добил шанса да се докаже и  успеал во тоа. Кратко време се задржа во Таборско, клуб од третата лига во Чешка, каде што скаутите на Славија го забележале, па во летото 2020 година потпиша за гигантот од Прага за само 115.000 евра.

Добрите партии во Чешка и учинокот од 19 погодоци во сите натпреварувања сезонава, му обезбедија на Сима да дебитира за сениорската селекција на Нигерија, а неговата кариера може да достигне нов врв со преселбата на Островот.

Неговата цена моментално изнесува 11 милиони евра, што значи дека Славија ја чека огромна заработка од Сима, а големи се шансите клубот да бара повисока отштета и до 25 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести