Во Премиер лигата е поставен пеналџиски рекорд

Фулам како гостин го изненади Арсенал и одигра 1-1, задржувајќи ги надежите дека може да опстане во Премиер лигата. Стрелец на голот за гостите беше Џош Маја од пенал, а ова беше 87-ми реализиран пенал сезонава во англиското првенство што е изедначување на рекордот од сезоната 2006/2007.

Следниот гол пенал во Премиер лигата сезонава ќе биде историски бидејќи ќе се постави нов рекорд. Арсенал е тим со најмалку примени голови во вторите полувремиња, но денеска примија гол од Фулам во вториот дел.

Арсенал од пораз се спаси во 97-ма минута, со голот на Нкетија. Имаше проверка од ВАР и голот беше потврден.

- Оглас -

Најнови вести