Во Ријека и Лион имаат добра причина вечерва да навиваат за Челзи

Доколку Челзи ја освои Лига на Европа, тогаш би профитирале Лион (третопласиран во француската лига) кој влегува директно во групите од Лигата на шампионите, холандскиот вицепрвак ПСВ Ајндховен кој би играл плејоф за влез во ЛШ, а останува едно празно место во третото коло од квалификациите и тоа би ги пополнила Ријека како хрватски вицепрвак.

Челзи веќе има обезбедно место во ЛШ преку домашното првенство, но не и Арсенал. Од друга страна, првакот на ЛЕ оди во ЛШ, и ако слават „топчиите“, Англија ќе има пет тима во елитното натпреварување.

Од Ријека биле изненадени со можноста наместо во Лига Европа, да се најдат во квалификациите за ЛШ, па побарале официјално објаснување од УЕФА, дали е вистина пишувањето на „Сан“. Во Ријека ќе треба да му се заблагодарат и на Динамо Загреб кој со добрите игри во ЛЕ во минатата сезона, на Хрватска ѝ донесе многу поени во рангирањето.

- Оглас -

Најнови вести