Во Шпанија слична ситуација како минатата недела во Серија А – што ќе биде со Ел Класико?

Нема шега со Коронавирусот. Смртоносната болест многу брзо се шири и низ Европа. Италија е епицентарот од каде што започна ширењето на Коронавирусот на Стариот континент. Минатата недела за многу кратко време се заразија повеќе од 100 жители во северниот дел на Италија и поради тоа изминатиот викенд мораа да бидат одложени неколку меча во Серија А и останатите понисли лиги.

Опасноста од вирусот уште трае затоа што тој се шири. Во Италија решија најголемиот дел од мечевите во следното коло да се одиграат без присуство на публика. Гледачи нема да има ниту на Дербито на Италија меѓу Јувентус и Интер, кое ќе се игра в недела.

Италија не е единственатз земја која има проблеми со Коронавирусот. За кратко време во Шпанија се регистрирани најмалку 15 заразени, што го крена алармот на повисоко ниво. Поголемиот дел од заразените во претходните неколку дена престојувале во Италија, и сега тие се држат во изолација.

Шпанските весници веќе започнаа со дилемата дали треба да се игра Ел Класико во предвидениот термин в недела, затоа што постои опасност да ескалира ситуацијата со Коронавирусот. Засега нема официјални информации и барања за одложување на мечот или играње пред празни трибини, но доколку се зголеми бројот на заразени во Шпанија од Коронавирусот, можно е да се доведе во прашање одигрувањето на натпреварот на двата најтрофејни клуба во земјата.

 

- Оглас -

Најнови вести