Во Турција не само што се игра, туку беше постигнат и ретко виден гол (Видео)

Искусниот колумбиски голгетер Худо Родаљега е познат од времето кога настапуваше за Виган и Фулам во Англија. Родаљега во 2015 година замина од Англија и се пресели во турското првенство. Потпиша за Акхишар, а потоа настапуваше и за Трабзонспор, за да од оваа сезона го носи дресот на Денизли.

Родаљега ја има и капитенската лента во тимот за кој денеска даде еврогол. На дуелот против Генчлербирлиги, Колумбиецот феноменално реагираше во 54 минута и даде гол кој ретко се гледа на фудбалските терени.

Токму со тој погодок, Денизли на крајот победи со 1:0.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести